Macedonian Albanian English German Italian

   Home

А сега ... напад на Андора

Петок, 08 Октомври 2010 11:44
Печати PDF

Македонската репрезентација денеска гостува во Андора.

Се освен победа денеска против Андора би било неуспех против аматерите од Андора. Нашите репрезентативци гостуваат во оваа мала пиринејска држава, од каде имаме убави спомени од победата од 3-0, но таму го доживеавме и најголемиот срам во нашата фудбалска историја. Андорците не победија со 1-0 и го постигнаа својот најголем успех, а за нас најголемиот неуспех.
Сепак, се надеваме дека денеска и покрај неколку откажувања од репрезентацијата ќе ги совладаме аматерите и ќе ја забележиме првата победа во овој квалификациски циклус што би било само мотив плус во пресрет на дуелот со Русија во вторник во Скопје.
Да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе ја оправдаат фаворитската улога и со победа ќе се вратат од Андора ла Веља.

Пренос од натпреварот Андора - Македонија ќе може да следите на МТВ во 19 часот.

Банер
Банер