Macedonian Albanian English German Italian

   Home

Андора - Македонија 0-2

Петок, 08 Октомври 2010 19:30
Печати PDF

Македонија ја совлада Андора со 2-0. Македонската фудбалска репрезентација славеше победа од 2-0 против Андора во вечерашниов натпревар од Квалификациите за ЕУРО 2012. Стрелци на головите за нашата репрезентација беа Илчо Наумоски во 42 минута и Ванче Шиков во 60 минута.
Според играта на теренот нашите репрезентативци и не одиграа кој знае каков натпревар, а за тоа говори и фактот што андорците упатија повеќе удари кон нашиот гол. Сепак, ударите од аголот го решија натпреварот. И давата погодоци нашите репрезентативци ги постигнаа по корнер и прецизно стрелаа со глава.
Сега ни преостанува да го чекаме натпреварот со Русија и да се надеваме на далеку подобра игра и се разбира, победа која ќе не вмеша во борбата за бараж или пласман на ЕУРО 2012.

Банер
Банер