Macedonian Albanian English German Italian

   Home

Горан Пандев во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи

Сабота, 27 Август 2011 13:01
Печати PDF

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, Горан Пандев во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи, а во овој тим доаѓа како позајмен играч до крајот на натпреварувачката 2011/2012.

Македонскиот репрезентативец беше поврзуван со напуштање на Интер и се зборуваше дека може да премине во Шалке или Џенова. Наполи сепак ја надмина конкуренцијата и го обезбеди потписот на напаѓачот.
"Многу сум задоволен дека ќе можам да играм во Лигата на Шампионите со Наполи, бидејќи тие се доста важен клуб", изјави Пандев. Според информациите во италијанските медиуми, Интер ќе го плаќа поголемиот дел од платата на фудбалерот оваа сезона.

 

Последно освежено на Сабота, 27 Август 2011 13:07
Банер
Банер