Matchreport: Јануари - Декември 2014 - Среда, 05. Ноември 2014 - 14:00 h |
Македонија У-18 | Азербејџан У-19 |
2 | 0 |
Match details |
Match Date : Среда, 05 Ноември 2014 | ||
Match Time : 14:00 h | ||
Playground : стадион “Борис Трајковски“ - Скопје | ||
Summary |
Македонската репрезентација до 18 години ја совлада репрезентацијата на Азербејџан до 19 години со 2-0. Иако противникот настапи со една генерација постари фудбалери, сепак, нашите фудбалери со гол го отворија натпреварот уште во 1 минута. Стрелец на голот беше Петар Петковски, откако искористи едно недоразбирање на гостите. Во 74 минута црвен картон заработи гостинскиот играч Махир Мадатов, поради втор жолт картон. Само три минути подоцна, односно во 77 минута конечниот резултат го постави Валентин Кочоски со удар од белата точка. Ова беше одлична проверка за нашиот тим, со оглед на тоа што имаа повозрасни противници. Иако се очекуваше дека двете екипи ќе настапат со иста генерација на фудбалери, сепак, гостите од Азербејџан допатуваа со една година постари фудбалери, со оглед на тоа дека оваа нивна генерација се подготвува за настап во Квалификациите за ЕП до 19 години. |